Екипата на Бутел Скопје на домашен терен одигра одличен натпревар и славеше над досега перфектниот Охрид 26:22 на отворањето на плеј-офот во македонската ракометна Суперлига.
Најдобар кај Бутел беше Печенковски со шест 6, Младеновски имаше 5, а голманот Блажевски собра 9 одбрани. Кај Охрид, Кривокапиќ имаше 6, Манасков даде 5 гола, исто колку што постигна и Блажевски.