Двете најдобри екипи после регуларната сезона, Перуџа и Лубе, моментално ја играат меѓусебната финална серија што ќе го даде новиот шампион на италијанската одбојкарска Серија А.
После првите две партии и двата ривали славеа по еднаш, а денес Лубе дојде до првата ,,меч-топка”.
Имено, претставниците на Чивитанова се на само чекор до одбрана на титулата, откако денес славеа со 0-3.
Гостите во потполност го издоминираа цел меч и ги добија сетовите со 20-25, со 18-25 и со 14-25.
Од домашните редови, единствени со двоцифрен учинок беа Вилфредо Леон и Александар Атанасијевиќ, кои запишаа по дванаесет поени.
Од друга страна, кај Лубе, најефикасен беше Јоанди Леал со петнаесет поени, а уште десет додаде Османи Хуанторена.
Четвртиот, а можеби и последниот дуел од овосезонското финале е закажан за сабота со почеток од 18.00 часот.
📸 lubevolley.it