Во 35. коло од шкотскиот Премиершип, односно во плејаут-групата, по четврти пат сезонава, беше одиграно дербито на Ланаркшир помеѓу Хамилтон и Мадервел.
На првите три меѓусебни дуели, Хамилтон запиша три победи, но Мадервел денес успеа да спречи ,,чистка” и славеше со 0-1.
Гостите беа подобри на овој меч, а сето тоа беше поттикнато од 33. минута, кога Хамилтон остана со играч помалку, откако директен црвен картон доби Ронан Хјус за првпат во кариерата.
Само четири минути подоцна беше постигнат и решавачкиот гол на натпреварот, а негов стрелец беше Марк О’Хара (37′).
,,Им го должевме ова на навивачите. За нас, ова се огромни три поени, а исто така, секогаш е добро кога го победуваме Хамилтон.” – изјави О’Хара.
На табелата на плејаут-групата, Мадервел го држи второто место, кое му носи сигурен опстанок.
Од друга страна, Хамилтон остана на дното и со ,,една нога” е веќе во втората лига на три кола до крајот.
📸 Alan Harvey/SNS Group via Getty Images