Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио. Со ова еден од најдобрите светски судиски ракометни парови добија уште една потврда за својот квалитет.
Македонските судии по трет пат ќе бидат дел од Олимписките игри откако претходно судеа и на ОИ во Лондон 2012 година и на ОИ во Рио де Жанеиро во 2016 година. Олимписките игри во Токио е предвидено да се одржат од 23. јули до 8. Август.



