Единствениот денешен дуел во КХЛ го сочинуваа двата западни ривали – Локомотив Јарослављ и Сочи.
Локомотив го доби овој меч со сигурни 6-3 за останување на третото место во Западната конференција, оддалечувајќи го Сочи од плејоф-зоната на десеттата позиција.
Имено, Сочи беше одличен во првите 25 минути игра, кога водеше со 1-3. Стрелци за гостите беа Владислав Валенцов во првата, односно Кирил Петков и Иван Володин во втората третина. Во меѓувреме, Артур Кајумов беше единствен стрелец за Локо.
По третиот примен погодок, Едвард Паскуале застана на голот на домаќините наместо Илја Коновалов. Оттогаш, Локомотив постигна пет голови преку пет различни хокеари: Андре Петерсон, Павел Красковски, Денис Баранцев, Артјом Илјенко и Денис Алексејев.



