Екипата на Милвоки Бакс успеа експресно да се издигне по воведниот пораз од Бостон Селтикс, декласирајќи ги Голден Стејт Вориорс, на божиќниот ден, со неверојатни 138-99.
И двата ривали влегоа во овој меч со учинок од 0-1, но Бакс ја оправдаа фаворитската улога, константно зголемувајќи ја својата предност уште од првата четвртина, притоа доаѓајќи и до +43 во последниот период.
Клучен елемент во нападот на Милвоки беше прецизноста, односно погодените 20/37 (54%) шутеви за три поени и ист процент на успешност при шут од поле (50/91).
Стеф Кари, од редовите на поразениот состав, уфрли 19 поени и го претекна Рик Бери на вечната листа на Вориорс, останувајќи само позади Вилт Чемберлејн.
Кај Бакс, најефикасен беше Крис Мидлтон со 31 поен, а Јанис Антетокумбо направи дабл-дабл составен од 15 поени и од 13 скокови.