
Во брзо лизгање на 1500 метри во рамките на ЗОИ 2022, Кјелд Нуис ја одбрани олимписката титула од пред четири години.
Холанѓанецот, актуелен светски рекордер, постави нов олимписки рекорд на оваа дистанца, кој сега гласи 1:43,21 минути.
Нуис се закити со третото злато на Зимските олимписки игри, а зад себе го остави сонародникот Томас Крол (+0,34), кој претходно го сруши олимпискиот рекорд на Дерек Пара од 2002 (1:43,95).
Во пар со новиот шампион лизгаше Кореецот Ким Мин-Сеок (+1,03), носејќи и’ бронза на Јужна Кореја.
Само петнаесет стотинки побавен беше Норвежанецот Педер Конгшауг (+1,18) на четвртото место, а петтопласиран беше Конор Хау (+1,65).