Германија ја потврди својата доминација во санкање, откако во женската олимписка индивидуална трка забележа 1-2 победа.
До третата поединечна олимписка титула во кариерата дојде Натали Гајзенбергер (3:53,454), која во третата серија постави и рекорд на патеката од 58,226 секунди.
Гајзенбергер беше прва после секоја серија, со исклучок на првата и заслужено дојде до вкупно шестиот медал во кариерата на ЗОИ.
Нејзината сонародничка, Ана Берајтер (+0,493), дебитираше на олимпискиот пиедестал и го комплетираше двојното славје на Германија со освоеното сребро.
Бронзен медал доби Русинката Татјана Иванова (+1,053), која беше ,,сребрена” на штафетата во Сочи 2014.
На четвртото место се пласираше рекордерката на стартот, Маделеине Егле (+1,355), после која следуваа нејзините две сонароднички – Хана Прок (+1,370) и Лиза Шулте (+1,431).