
Во прелиминарната рунда од Ол-Ајрленд Сениор Харлинг Чемпионшип, Лиш го совлада Ентрим со (2-21) 27-33 (2-27).
За претставниците на Леинстер, оваа победа значеше и директен пласман во истото натпреварување и следната сезона.
Вчерашната партија на Лиш беше најдобра во 2021, која му ја даде првата победа на тренерот Чедар Планкет после 2016.
После четириесет минути игра, победниците водеа со навидум убедливи единаесет поени, но Ентрим ја намали разликата и се доближи на негатива од само -2.
Сепак, во последната четвртина од мечот, играчите на Лиш направија серија од 8-5 и дојдоа до посакуваниот триумф.
За Ентрим, Оин О’Нил ги постигна и двата погодоци, а најефикасен беше Киран Кларк (0-8).
На спротивната страна, двоен стрелец беше Педи Парсел (2-2), а Пи Џеј Скали додаде уште десет поени.