
По петте меѓусебни победи во низа, синоќа, Чикаго Кабс го запишаа првиот пораз од Ст. Луис Кардиналс, губејќи со убедливи 0-6.
Во првиот ининг, Кардиналс постигнаа еден поен, а потоа додадоа уште пет во шестиот за да стигнат до конечниот резултат.
Поени со трчање за победничкиот состав освоија Пол Голдшмидт, Тајлер О’Нил и Харисон Бејдер, а по еден хоум-ран, освен Голдшмидт, постигнаа Томи Едман и Пол ДеЈонг.
Одличен меч за Кардиналс одигра и фрлачот Кванг Хјун Ким, кој за шест ининзи запиша седум страјк-аути.
На табелата на Националната лига, двете екипи ја делат деветтата позиција со учинок од 44-46.