
Екипата на Мејо се пласираше во финалето на Конахт, откако во полуфиналето го декласираше Леитрим со (5-20) 35-11 (0-11) и покрај отсуството на неколку важни играчи.
Практично, сè беше решено уште во првото полувреме, после кое победниците водеа со неверојатни 20-4.
Од 49. минута започна единствениот позитивен период за Леитрим на оваа средба, кој траеше до самиот крај.
Имено, поразениот состав успеа им парира на своите ривали во завршните дваесет минути, во кои резултат гласеше 6-6.
Од редовите на Леитрим, Кит Бирн (0-5) беше најефикасен фудбалер, а по два поени забележија Риордан О’Рурк и Конор Долан.
Кај Мејо, поентерски најрасположени, а воедно и единствени голгетери беа Рајан О’Донохи (1-6), Дерен МекХејл (2-1), Томи Конрој (1-3) и Дерен Коен (1-3).