Лина Ѓорческа во конкуренција на двојки заедно со Алена Фомина изборија пласман во полуфиналето на турнирот во германскиот Хешинген. Ѓорческа и Фомина победија со 6-2 и 6-3 над Михаела Бајерлова (Чешка) и Анастасија Золотарева (Русија).
Претходно во сингл најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на фјучрсот во германскиот град Хешинген што се игра за награден фонд од 60.000 долари загуби со 2:1 во сетови 4:6, 6:3 и 6:4 од Жива Фалкнер од Словенија (21 год. 518 ВТА).