Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето во двојки на ИТФ фјучерсот во Загреб во комбинација со Леа Бошковиќ. Турнирот се игра на земјена подлога за награден фонд од 60.000 долари.
Нашата Лина Ѓорчевска и хрватската тенисерка Леа Бошковиќ беа подобри од словенечко-руската комбинација Далила Јакупович – Ирина Хромачева со резултат 6-3, 6-2 по сетови.