Доброто срце и хуманоста секогаш победува! Јаков на само свои 2 години мораше да помине низ две тешки операции за два пати да му биде отстранет тумор, при што мораше да го изгуби и едниот бубрег. Заради специфичната моментална здраствена состојба, малиот Јаков мора итно да замине во странство за да го продолжи своето лекување.Поради тоа објавуваме дека победничкиот рекет на Лина Ѓорческа е на аукција и приходите ќе бидат наменети за лекување на Јаков, сите заинтересирани можат да се обратат во порака.Споделете, направете share за проширување на објавата и хуманоста -стои во објавата на фан страната на Лина.