Македонската ракометна репрезентација го започнува настапот на Европското првенство 2026 во Данска, Шведска и Норвешка. Под водство на селекторот Кирил Лазаров, националниот тим влегува во нов циклус, обележан со смена на генерации и градење на иднината на македонскиот ракомет. Македонија се најде во тешка група, каде што се уште Данска, Португалија и Романија, а пласман во следната фаза ќе обезбедат само двете најдобри селекции од групата.
Натпреварот помеѓу Македонија и Данска на ЕП во ракомет 2026 е закажан за 16.01.2026 со почеток во 20:30 часот (CET). Тоа е првиот дуел на Македонија во прелиминарната фаза од Европското првенство во ракомет, што се игра во Данска, Норвешка и Шведска.
„Го играме првиот натпревар против најдобрата екипа во светот во последните десет години, Данска и возбудени сме што ќе играме против нив. Тие се домаќини, тоа ќе биде многу тешко за нас, но немаме што да изгубиме на овој натпревар и ќе се обидеме да уживаме во мечот. Им зборував на моите млади играчи дека ќе биде ново искуство да се игра во земја која го сака ракометот. Во други земји фудбалот е најпопуларен спорт, но тука во Данска ракометот е на прво место. Тоа е големо искуство за сите.
Задоволен сум од тимот, од играчите. Мора да знаеме дека секогаш можеме подобро, но имаме време да ги направиме некои работи за кои знаеме дека се добри и имаме уште два дена за да го започнеме Европското првенство добро подготвени”, објаснува македонската легенда. Најважно за нас е што ја менуваме генерацијата чекор по чекор, а тоа е многу тежок процес. Подобри селекции од нас имаат проблеми со смената на генерација. Ние сме мала земја и мора да бидеме трпеливи и да одиме чекор по чекор. Во последните две години сум многу задоволен од ова”, изјави селекторот Кирил Лазаров




