Струга ќе има силно претставување во сениорската ракометна репрезентација на Македонија која ќе настапи на Европското првенство 2026. Дури четворица стружани се дел од националниот тим, што претставува значаен успех за градот.
Станува збор за Наум Танески, асистент на селекторот Кире Лазаров и актуелен тренер на Прилеп, Никола Маркоски, искусниот пикер на Алкалоид, како и за браќата Никола и Ненад Костески, кои настапуваат на позицијата десно крило и исто така се дел од клубот Алкалоид.
Нивното присуство во националниот тим е потврда за квалитетот што РК Струга континуирано го создава во македонскиот ракомет. Играчи и стручни кадри кои потекнуваат од градот успешно се вградуваат во репрезентативниот систем и имаат важна улога во подготовките и настапите на највисоко ниво.
За Струга, ова претставува уште еден значаен спортски момент и дополнителна мотивација за младите ракометари кои доаѓаат од овој регион.




