
Првиот велеслалом од новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција се одржа во американскиот Килингтон.
На него, до петтата победа во оваа дисциплина дојде Лара Гут-Бехрами (1:44,08), која славеше по триесет и петти пат во кариерата.
Италијанката Марта Басино (+0,07) имаше минимален заостаток и го зазеде второто место, а третопласирана беше лидерката после првата серија – Сара Хектор (+0,20).
Во продолжение, заостаток под една секунда имаа: Петра Влхова (+0,46), Катарина Линсбергер (+0,55), Рагнилд Мовинкел (+0,61), Теса Ворли (+0,84), Марина Гасиеница Даниел (+0,90) и Федерика Брињоне (+0,95).
Водечката во генералниот пласман, Микаела Шифрин (+1,40), по воведните два триумфи, денес го зазеде тринаесеттото место.