Денес, во канадскиот Лејк Луис, беше одржана втората овосезонска трка од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција.
Истата беше во дисциплината спуст и на неа триумфираше актуелниот освојувач на малиот кристален глобус – Александер Омодт Килде (1:47,90).
Норвежанецот беше побрз од второпласираниот Даниел Хеметсбергер за само шест стотинки, а со една десетинка заостаток, на третата позиција заврши актуелниот шампион – Марко Одермат.
Одермат, воедно, беше победник на првиот велеслалом во Зелден, кој го задржа во водство во генералниот поредок.
Во продолжение, заостаток под една секунда имаа уште: Матијас Мајер (+0,37), Беат Фојц (+0,63), Жоан Клери (+0,88) и Нилс Хинтерман (+0,95).