Вториот натпреварувачки викенд од новата сезона на Светскиот куп во ски скокови се одржува во Рука, Финска.
На истиот, поради позитивните тестови на КОВИД-19, недостасуваат неколку скокачи, пред сè од австриските редови.
На денешните квалификации, по вторпат во низа триумфираше полски скокач, но наместо Камил Штох, овој пат, на највисокото место на подиумот, застана Давид Кубацки.
Освен него, место на подиумот зазедоа Карл Гајгер и Халвор Егнер Гранеруд.
Како најпозитивно изненадување се покажа домашниот скокач Анти Аалто, кој со реден број 21, накрај се пласира на осмото место.
Од негативните изненадувања, најмногу се истакнува Словенецот Тими Зајц, кој не успеа да се квалификува во првата серија.
Имено, двете натпреварувања во Рука се закажани за сабота и за недела во 16.30, односно во 15.30 часот.