После екстремно негативната серија од девет врзани порази, екипата на Кунлун Ред Старс успеа да забележи триумф.
Имено, единствениот кинески претставник во КХЛ, денес, успеа да го порази Сибир Новосибирск со минимални 1-0.
Стрелец на единствениот гол на мечот беше Лев Стариков на средината на натпреварот.
Сепак, најзаслужен за триумфот на Кунлун беше голманот Дмитри Шикин, кој ги одбрани сите четириесет и седум противнички удари кон својот гол.
Со овој пораз, Сибир ја прекина својата серија од четири последователни победи, но сепак останува во плејоф-зоната на осмото место, додека Кунлун е последен тим на Истокот.



