Исто како ски скокачите и нордијците, домаќин на првото овосезонско натпреварување од Светскиот куп во крос-кантри скијање беше одржано во Рука, Финска.
На денешната програма беа спринт трките во машка и во женска конкуренција.
Кај жените, издоминираа шведските скијачки, кои ги зазедоа сите три места на подиумот. Имено, до победата дојде Лин Сван, пред Маја Далквист (+0,57) и Јона Сундлинг (+0,70). Освен нив, во финалето се пласираа уште Лота Уднес Венг (+2,59), Ане Стенсет (+3,86) и Ема Рибон (+5,60).
Во полуфиналните трки, елиминирани беа Анамарија Лампич и Наталија Непрјаева, а во четврт-финалето – Џесика Дигинс и Терезе Јохауг.
Слична беше ситуацијата и во машката конкуренција, каде што, на подиумот имаше само Норвежани. До првиот триумф во кариерата стигна Ерик Валнес, оставајќи ги зад себе Јоханес Клебо (+0,61) и Емил Иверсен (+4,09).
Освен нив, пласман во финалето изборија Александер Болшунов (+6,34), Хаавард Таугбел (+15,50) и Јовиан Хедигер (+19,61).
Единствена разлика од женските колешки е тоа дека без финале останаа повеќе фаворити како Федерико Пелегрино, Глеб Ретивих, Ристомати Хакола, Паал Голберг, Лука Шанава и други.



