
Караванот од Светскиот куп во ски скокови го одработи последното натпреварување пред Новогодишната турнеја во Енгелберг, Швајцарија.
Со победа, во битката за Златниот орел влезе лидерот во генералниот пласман, Давид Кубацки, кој денес дојде до четвртата победа во сезоната.
На второто место, за првпат во кариерата, заврши Австриецот Мануел Фетнер, а вчерашниот победник, Анже Ланишек, беше третопласиран.
За 0,6 поени без пиедестал остана Халвор Егнер Гранеруд, а по него следуваа Пјотр Жила, Штефан Крафт и Михаел Хајбок.
На осмото место се пласираше Италијанецот Џовани Бресадола, кој влезе во топ 10 за првпат во својот живот.