Плзен загуби во првиот натпревар од ЕХФ Купот против Тенакс со 31:28.
Македонскиот интернационалец Никола Костески одигра одлично во првиот натпревар од ЕХФ Купот и постигна 11 голови од 12 обиди. Со тоа ги одржа шансите на Плзен за пласман понатаму против поранешниот вардарец Кугис кој бранеше одлично со 16 одбрани за тимот на Тенакс.
Реваншот се игра утре исто така во Плзен откако двата тима се договорија двата натпревари да се одиграат во Чешка.
