Крикет репрезентациите на Англија и Пакистан ќе се соочат во првата меѓусебна интернационална тест крикет серија во 2020 година. Првиот тест е закажан за 5 август и ќе се одигра на „Олд Трафорд Крикет Граунд“ во Манчестер.
Пакистан веќе ги објави своите крикетари за овој двобој, а истата работа ја направи и Англија неколку дена подоцна.
За Англичаните, на овој тест, ќе настапат: Џоу Рут (капитен), Џејмс Андерсон, Џофра Арчер, Дом Бес, Стјуарт Броуд, Рори Барнс, Џос Батлер, Зек Кроули, Сем Куран, Оли Поуп, Дом Сибли, Бен Стоукс, Крис Воукс и Марк Вуд.
Како резерви, потенцијална прилика ќе добијат: Џејмс Брејси, Бен Фоукс, Џек Лич и Ден Лоренс.
За Пакистан, ова ќе биде првата целосна интернационална крикет тест серија во 2020, додека Англија, на 28 јули ја заврши серијата против Западните Инди што ја доби со 2-1.
Составот на Пакистан можете да го погледнете на следниот линк: https://javisejuzna.mk/kriket-pakistan-go-objavi-sostavot-za-testot-protiv-anglija/