Деветтото коло од англиската Лиг 1, во целост, веше одиграно во денешниот вечерен термин.
Линколн остана на врвот на табелата на Лиг 1, откако со 1-0 триумфираше над Кру Александра. Стрелец на голот беше Хари Андерсон (39′), кој му ја донесе втората победа по ред на својот тим со резултат од 1-0. Инаку, Линколн нема примено гол на последните четири средби.

Хал Сити го задржа второто место и остана на поен заостаток зад Линколн, поради денешната победа од 1-3 против Бристол Роверс.
Роверс поведоа уште во втората минута преку Џејмс Дели, а клучен елемент во победата на ,,Тигрите” беше влегувањето во игра на Кин Луис-Потер и на Том Ивс во шеесетата минута.
Луис-Потер направи брз пресврт, преку кој, неговиот тим водеше со 1-2 после шеснаесет минути од неговото појавување на теренот, а другиот џокер од клупата го постави конечниот резултат во судиското продолжение.
Теди Бишоп беше прецизен во 86. минута за својот четврти овосезонски погодок, кој му донесе триумф од 1-0 на Ипсвич против Џилингем за повторно враќање на третото место на табелата.
Голема улога во враќањето на највисоката позиција од плејоф-зоната на Ипсвич имаше ремито на Питерборо против последнопласираниот Бартон Албион. Имено, двете екипи ремизираа со 2-2, во натпревар каде што Питерборо водеше двапати преку Џонсон Кларк-Херис (10′) и Џоу Ворд (48′), а ,,Пиварите” израмнуваа исто толку пати, благодарение на Кејн Хемингс (32′ и 60′).
Исто така, голот на Ворд падна по промашениот пенал на Кларк-Херис, кој доколку погодеше, ќе беше прв стрелец во Лиг 1 со шест погодоци (заедно со Џорџ Грант од Линколн).

Уште едно место во плејоф-зоната окупира и составот на Портсмут, кој денес го порази Нортемптон со убедливи 4-0.
Првите два од четирите погодоци ги постигна Џон Маркис (39′ и 47′), кој на последните три средби, дури пет пати ја затресе противничката мрежа. Освен Англичанецот, по еден гол забележаа Ронан Куртис (50′) и Маркус Харнс (83′).
Исто сценарио како Питерборо, имаше и Сандерленд, кој со ремито од 2-2 против Рочдејл, му го предаде шестото место на Чарлтон, кој го победи Оксфорд Јунајтед со 2-0.
Освен ситуацијата на врвот, вреди да се напомене и состојбата на дното, каде што, последните четири екипи, Шрузбери, Свиндон, Оксфорд Јунајтед и Бартон Албион, имаат по шест поени, а само бод предност имаат Нортемптон, Виган и Блекпул.
Конечни резултати:
Бристол Роверс 1-3 Хал Сити
Чарлтон 2-0 Оксфорд Јунајтед
Кру Александра 0-1 Линколн
Ипсвич 1-0 Џилингем
МК Донс 2-0 Виган
Питерборо 2-2 Бартон Албион
Свиндон – Акрингтон (одложено)
Вимблдон 1-0 Блекпул
Флитвуд 1-0 Шрузбери
Плимут 2-1 Донкастер
Портсмут 4-0 Нортемптон
Рочдејл 2-2 Сандерленд



