Втората овосезонска трка во машки велосипедизам, односно прва кога се во прашање еднодневните натпреварувања беше Омлооп Хет Нојвсблад.
Станува збор за трка долга 201 километар, која се возеше во Белгија, од Гент до Нинове, по 76. пат во историјата.
На неа, после одличната тимска тактика и соработка, триумфираше Италијанецот Давиде Балерини (4:43:03).
За возачот на ,,Декојнинк-Квик Степ”, ова беше прв престижен професионален триумф во кариерата.
Италијанецот беше предводник на цел пелотон во пресрет на целната линија, а позади него, на првите десет позиции, завршија Џејк Стјуарт, Сеп Ванмарке, Хајнрих Хауслер, Филип Жилбер, Алекс Аранбуру, Флоријан Сенехал, Матео Трентин, Кевин Генитс и Нилс Полит.
📸 DAVID STOCKMAN/BELGA MAG/AFP via Getty Images