Тимот на Стружанка славеше на домашен терен во Струга против Астибо од Штип со 27-19 и обезбеди место во финалето од четвртфиналната група која се игра во Струга.
Во Стружанка, најефикасни беа Далипоска со 8 гола, додека Бојана Затуроска и Ивана Затуроска ја следеа со по 6 погодоци. Кај Астибо Марија Анчева беше незадржлива со 14 гола.