
Триесет и четвртото коло на англискиот Чемпионшип беше отворено со триумфот на Ковентри од 2-1 против Сандерленд.
,,Небесно сините” се покажаа како подобар ривал на теренот, а до триумф дојдоа со погодоците на Џејми Ален (25′) и на Виктор Ѓокереш (89′).
За Ѓокереш, кој воедно му беше асистент на Ален, ова беше петнаесетти гол во сезоната, кој го искачи на второто место на листата на стрелците зад Чаба Акпом од Мидлсброу (19).
Во судиското надополнување, почесен погодок за ,,Црните мачки” постигна Амад Дијало (90+5′) на ефектен начин.
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Сандерленд остана на осмото место, додека Ковентри скокна на десеттата позиција.