Фудбалерката на ЖФК Драгон од Скопје, Надица Костеска кариерата ќе ја продолжи во тимот на ЖФК Истатов од Нов Дојран. Истатовки со ова засилување покажуваат дека сакаат да се вратат на шампионските патеки, бидејќи Надица Костеска е репрезентативен калибар и игра неколку успешни сезони во Прва ЖФЛ.
Костеска има 20 години игра во офанзивниот дел од играта, а во сезоната 2016/2017 година го носеше дресот на ЖФК Истатов при тоа ја освои со тимот двојната шампионска титула, што значи се враќа во добро позната средина.