Првиот тренер на Рк Вардар и македонска ракометна легенда, Стевче Алушовски вчера ги започна подготовките со својот тим, а при тоа на прес конференција ги искажа мислењата за тековната сезона.
,,Македонија има три супер квалитетни тима кои што ќе бидат во во борба за титулата. Еурофарм Пелистер и Металург значително се засилија оваа сезона. Ние како тим нема да потцениме ниту една екипа во превнството. Сепак ние како Вардар ќе тргнеме по титулата државен првак и Купот на Македонија, бидејќи тоа ние обврска и искрено се надевам дека по завршувањето на сезоната ние ќе се радуваме” – изјави Стевче Алушовски.