Младата репрезентативка на Македонија и членка на ЖФК Љуботен, Деспина Пауновиќ кариерата ја продолжува во тимот на ЖФК Истатов од Нов Дојран. Пауновиќ има 18 години и игра на левата бековска позиција.
Истатовки го градат тимот за новата сезона и сакаат да се вратат во борба по шампионската титула, а по најновите засилувања на добар се пат и тоа да го остварат.