
На олимписката трка на 1500 метри во машка конкуренција во брзо лизгање на кратки патеки триумфираше Кореецот Дае-хеон Хванг.
Лизгачот на Јужна Кореја постави време од 2:09,219 и го освои вториот медал на ЗОИ после среброто на 500 метри од Пјонгчанг 2018.
24-годишниот Канаѓанец, Стивен Дубуа (2:09,254), го оствари најголемиот успех во својата кариера, освојувајќи го сребреното одличје.
На третата позиција заврши Русинот Семјон Елистратов (2:09,267), кој беше дел од ,,златната” штафета на 5000 метри од Сочи 2014, а воедно ја одбрани бронзата од минатите ЗОИ.
Од финалистите, во иста секунда со победникот Хванг лизгаа уште: Шаоанг Лиу (2:09,409), Џун-сео Ли (2:09,622) и Шаолин Сандор Лиу (2:09,953).