
Тобијас Вендл и Тобијас Арлт направија олимписки хет-трик, откако денес, по третпат станаа олимписки шампиони во санкање.
Германците (1:56,554) дојдоа до ова достигнување на крилјата на рекордот на патеката од првата серија (58,255), кој им даде предност од пет стотинки пред најблиските конкуренти.
Новите шампиони на Светскиот куп, Тони Егерт и Саша Бенекен (+0,099), ја надградија бронзата од Пјонгчанг 2018, односно го освоија сребрениот медал.
На третата позиција завршија третопласираните после првата серија, Томас Штој и Лоренц Колер (+0,511), кои дебитираа на олимпискиот пиедестал.
Од останатите дублови, под една секунда заостануваа само два летонски парови, односно Мартинш Ботс/Робертс Плуме (+0,865) и браќата Андрис и Јурис Шикс (+0,883).



