На 30.01.2022 Џудо Клуб ДРИМ Струга учествуваше на меѓународниот натпревар “Трофеј Вршац” Во конкуренција од 550 натпреварувачи од 62 клубови од 8 земји Џудо клубот ДРИМ освои 2 бронзени медали. Со медал се закитија Анамарија Стојмиловска и Доријан Петкоски.
Во одлично светло се прикажаа и Мишела Јаулевска и Анастасија Трајческа но не успеаа да се закитат со медали.Несомнено ова е еден од подобро организирани и меѓу најквалитетните меѓународни турнири во регионов!Честитки до организаторите ЏК Вршац за прекрасната организација и гостопримство



