Во ЕХФ Европскиот Куп екипата на ПАОК славеше во првиот дуел од двомечот со Добел со 25:28.

Македонскиот голман Виктор Гигов беше јунакот за победа во грчкиот тим. Тој влезе во игра во 20.минута кога неговиот тим губеше со 13:10 и успеа со 38% одбрани да донесе победа за ПАОК. Покрај одбраните нашиот голман успеа да постигне и 1 погодок.




