На денешната програма од Светскиот куп во крос-кантри беа првите овосезонски трки на десет километри во Рука, Финска.
Кај мажите, по вторпат во два дена, најбрз беше Јоханес Клебо (21:46,1), кој го предводеше норвешкиот хет-трик.
Од неговите сонародници, на пиедесталот завршија Паал Голберг (+20,5) и Мартин Левстром Нингет (+28,0), а во првите петмина се пласираа и Кале Халфварсон (+33,1) и Ендру Масгрејв (+40,3).
Во женска конкуренција, 1-2 победа оствари Шведска, односно Еба Андерсон (24:49,6) и Фрида Карлсон (+5,7), додека трета беше Катарина Хених (+13,3).
За само две десетинки, подиумот и’ побегна на Ане Кјерсти Калваа (+13,5), а под дваесет секунди доцнеше уште Криста Пармакоски (+18,3).