
Екипата на СаиПа дојде до третата победа во низа, откако денес го совлада Спорт со 4-2.
Во воведниот дел од втората третина, гостите имаа предност од 0-2 со головите на Јенс Лук и на Јаси Ванхатало.
Сепак, до крајот, домаќините постигнаа четири голови и ги израдуваа своите навивачи со нови три поени.
Стрелци за ,,Црно-жолтите” на овој меч беа Тино Метсаваинио, Валтери Ојантаканен, Виле Месканен и Виле Ваиникаинен.
На табелата, СаиПа го држи последното, а Спорт – претпоследното место.