
Англискиот второлигаш, Ротерам Јунајтед, ја користи репрезентативната пауза за тренинзи на топло време во кипарскиот град Пафос.
Од овој град потекнува ФК Пафос, кој на своето лого го има револуционерот Евагорас Паликаридес.
Паликаридес бил противник на британската империја во Кипар и бил погубен од Британците на 19-годишна возраст во 1957 поради нелегално носење на оружје.
Сепак, клубот што го претставува неговото лице им ги отстапи својот стадион и тренинг-центар на Англичаните и според неофицијални информации, им закажа пријателски натпревар.