
Во првото коло од групата Е на Светското првенство во Катар, Јапонија направи сензација, совладувајќи ја Германија со 2-1.
Во првото полувреме, Германците имаа потполна доминација и поведоа со голот од пенал на Илкај Гундоган (33′).
Сепак, во вториот дел, Азијците направија пресврт преку Ритсу Доан (75′) и преку Такума Асано (83′) во интервал од осум минути.
Засега, во пресрет на дуелот помеѓу Шпанија и Костарика, Јапонија го држи првото, а Германија – последното место во групата.