
Тврдата игра на Светското првенство во Катар продолжи и во денешниот ден, откако го проследивме третиот од последните четири мечеви, кој заврши без голови.
Имено, во првата средба од групата Ф, на стадионот ,,Ал Бајт” во Ал Хор, Хрватска ремизираше со Мароко со 0-0.
На натпреварот, двете екипи пружија игра сиромашна со шанси, имајќи само по една добра, но нереализирана прилика.
Во вечерниот термин, од истата група, својот натпревар ќе го одиграат Белгија и Канада, кои ќе се обидат да го освојат првото место.




