Никола Митревски и Порто одиграа 29:29 на гостувањето во Лисабон кај тимот на Спортинг.
Порто губеше со 3 разлика и тогаш на сцена стапи македонскиот голман Митревски кој со 6 одбрани направи пресврт. Порто поведе со 26:28, но предноста не успеа да ја претвори во победа па мораше да се задоволи со реми.
Порто со 30 бода останува прв на табелата пред Спортинг кој има 28.