
Сенегал ја избори првата победа на СП 2022, откако во второто коло од групата А, славеше над домаќинот Катар со 1-3.
Африканците беа подобри во текот на цел натпревар, оставајќи им краток период на доминација на домаќините, кои го постигнаа историскиот прв гол на мундијалите преку Мохамед Мунтари (78′).
Од друга страна, за фудбалерите во бели дресови, прецизно стрелаа Булаје Диа (41′), Фамара Џеџу (48′) и Бамба Диенг (84′).
Со трите бода, Сенегал се врати во игра за пласман во нокаут-фазата, додека Катар е на прагот на елиминација.