
Светското првенство во ски скокови во Планица (Словенија) започна со денешното натпреварување во женска конкуренција на нормалната скокалница.
На него, до првото индивидуално светско злато дојде Германката Катарина Алтхаус со скоковите од 98,5 и од 97 метри.
Водечката во генералниот пласман на Светскиот куп, Ева Пинкелних, се закити со сребро, а лидерката од првата серија, Ана Одине Стром, мораше да се задоволи со бронза.
Во продолжение, пласманот во првите десет го пополнија: Зелина Фрајтаг, Теа Минјан Бјорнсет, Јуки Ито, Марен Лундби, Нозоми Марујама, Ана Рупрехт и Абигејл Стрејт.
Од домашните претставнички, најдобра беше Ника Крижнар, која ја подели единаесеттата позиција со Јулија Милбахер.