
Пеликанс со ,,едната нога” влегоа во плејофот на финската хокеарска Лиига, откако денес го добија ТПС Турку со 4-0.
Имено, ,,Пеликаните” останаа на четвртото место на табелата на шест натпревари пред крајот на регуларната сезона, додека ТПС ја зазема осмата позиција.
На натпреварот, во листата на стрелците за победничкиот состав се запишаа Саке Хамалаинен, Аату Јамсен (х2) и Елијас Вилен.
На голот на тимот од Лахти стоеше Јаспер Патрикаинен, кој ја одбрани својата мрежа по третпат сезонава со седумнаесет интервенции.