
Со синоќешната победа од 4-3 после продолжение, Њу Џерси Девилс им го нанесоа првиот пораз на ЛА Кингс во ,,Пруденшијал Центар” после три години.
Кингс имаа водство 0-2 во почетната фаза, пред домаќините да израмнат на стартот на третиот дел.
Во последните четири минути, претставниците на Калифорнија повторно поведоа, но Девилс изборија регуларно реми во последната минута и накрај триумфираа после 150 дополнителни секунди.
За победничкиот состав, во листата на стрелците се запишаа Томаш Татар, Досон Мерсер (х2) и Нико Хишир, додека за ,,Кралевите” стрелаа Анже Копитар, Виктор Арвидсон и Шон Дарзи.
На Западот, Кингс го држат четвртото место, додека Девилс се трети во Источната конференција.