
Иако немаше пораз дванаесет кола, Барнсли загуби двапати на последните три средби.
Имено, во четириесеттито коло од Лиг 1, претставниците на Јоркшир загубија од Бартон Албион со 2-1.
За ,,Пиварите”, ова беше важен триумф во битката за опстанок каде што моментално се наоѓаат на осумнаесеттото место со седум бодови предност во однос на опасната зона.
На мечот, погодоци за ,,Жолтите” постигнаа Конор Шонеси (50′) и Дејл Тејлор (87′), а конечниот резултат го постави Ники Кеден (89′).
На табелата, Барнсли остана на четвртото место со шест бодови заостаток зад позициите што носат директна промоција во Чемпионшип.