
Во четвртиот натпревар од финалната серија на НХЛ, Колорадо Аваланш славеа со 2-3 после продолжение над Тампа Беј Лајтнинг и поведоа со вкупни 3-1.
На мечот, Тампа стекнуваше предност од еден гол во два наврати преку Ентони Сирели и преку Виктор Хедман.
На спротивната страна, во регуларниот дел, двапати израмнување на гостите им донесоа Нејтан МекКинон и Ендру Кољано.
После дванаесет минути од дополнителниот период, Назем Кадри ја затресе мрежата на Андреј Василевски и го донесе Колорадо на само чекор од освојување на Стенли купот.