Во последниот натпревар од 17.коло од ВМФЛ екипата на Караорман во Струга стигна до многу важна победа во битката за опстанок против Слога Виница со 2:0.
Домаќинот Караорман рано го отвори резултатот уште во втората минута со голот на Игор Клечкароски. Ова водство домаќинот го чуваше и креираше шанси до самиот финиш кога во 90.минута по еден корнер и мешаница во шеснаесетникот на гостите домаќините преку Давид Јошески успеаја да постигнат и втор гол за конечна победа од 2:0.