Од претстојниот викенд започнува сезоната во ски скокови што ќе трае речиси пет месеци.
Денес беа одржани квалификациите за првото натпреварување во Висла, Полска.
Победник на истите беше Камил Штох, кој воедно беше единствен натпреварувач со скок од над 130 метри (132 м).
Освен Полјакот, на подиумот се пласираа Јукија Сато и Маркус Ајзенбихлер, а во првите десет завршија уште: Михаел Хајбок, Давид Кубацки, Карл Гајгер, Халвор Егнер Гранеруд, Евгениј Климов, Даниел Хубер и Пјотр Жила.
Најголеми негативни изненадувања приредија Анже Семенич и Симон Аман, кои не успеаја да се квалификуваат во првата серија.
На утрешната програма е првото тимско натпреварување, додека првото индивидуално ќе се одржи во недела.