На 21 ноември 2020 ќе биде прославена стогодишнината од еден од „најцрните“ моменти во ирската спортска историја. Станува збор за настанот наречен „Крвава недела“, кој се случил на 21 ноември 1920.
На истиот ден, својот меч го играле галските фудбалски екипи на Даблин и на Типерери, на познатиот стадион „Кроук Парк“ во главниот град на Република Ирска.
Во тој период течела Ирската војна за независност, а во Даблин биле присутни дуелите помеѓу претставниците на Ирската Републиканска Армија (со наклонетост кон Ирска) и на Ирската протестантска полиција (со наклонетост кон Велика Британија).
Во утринските часови на 21 ноември 1920, претставници на армијата убиле неколку членови на таканаречениот „Каиро Генг“ – група составена од британски агенти.
За одмазда, членови на помошната единица на Ирската протестантска полиција почнале да пукаат кон гледачите на горенаведениот натпревар.
Во инцидентот, биле ранети преку шеесет и убиени четиринаесет од вкупните пет илјади гледачи на мечот.
Во пукањето, бил убиен и еден галски фудбалер на Типерери, Мајкл Хоган, според кој, едната трибина на стадионот „Кроук Парк“ го добила своето име.
Несреќните лица што биле убиени во овој масакр се:
Џејн Бојл (26)
Џејмс Бурк (44)
Даниел Керол (30)
Мајкл Фири (40)
Мајкл ‘Мик’ Хоган (24)
Том Хоган (19)
Џејмс Метјуз (38)
Патрик О’Дауд (57)
Џером О’Лери (10)
Вилијам Робинсон (11)
Том Рајан (27)
Џон Вилијам Скот (14)
Џејмс Тијан (26)
Џоу Трејнор (21)



